На 30 минути возење од Лисабон, се наоѓа градот Синтра, за многумина неизбежно место во внатрешноста на Португалија. Поради исклучително романтичниот пејзаж, Синтра беше ставен на листата на УНЕСКО на светско наследство во Европа во 1995 година. Идеално место за еднодневен излет.
Но за туристите кои сакаат да уживаат повеќе денови во глетката и убавината на местото, има палата каде што можат да престјуваат – се вика Chalet Saudade.
Синтра е мал град сместен меѓу ридовите на Сера де Синтра, со борови шуми кои кријат екстравагантни палати, раскошни гостилници и урнатини на дрвени замоци. Разновидноста на историските градби е она што го прави овој град посебен. Една брачна двојка, решила да најде нов дом кој ќе го реновира – изборот паднал на Chalet Saudade.
Атмосферата е исклучително удобна и пријатна затоа што сопствениците сакаат гостите да се чувствуваат како дома. Ресторанот и Cafe Saudade кафуле се во близина на хотелот, а неговите гости можат кога сакаат да појадуваат, ручаат и да пијат кафе во текот на денот.
Хотелот располага со зимска и летна градина со античка француска фонтана која додава во ефектот на атмосферата од некои минати времиња.
Извор: https://www.buro247.hr/
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.