Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

ПАРФЕМ ЗА СЕНЗУАЛНИ КАРАКТЕРИ КОИ САКААТ ДА СИ ИГРААТ СО НЕДОЗВОЛЕНОТО… ДАЛИ БИ СЕ ОСМЕЛИЛЕ?

90
Прегледи
Сподели на фејсбук

DesirToxic од брендот Micallef ветува интензивност и сензуалност благодарение на сложената и моќна композиција на составот.

Ода на недозволеното

Сурови и специјално селектирани материјали од најдобрите почви го даваат крајниот резултат на неочекуваното. Како течна емоција, DesirToxic е интригантен и крајно сензуален мирис. Создаден од присуството на црна рибизла, цимет, тонка грав, канабис во комбинација со килибар, бензоин, мов, мошус и пачули. Искри на свежина се чувствуваат од кардамон, бергамот и лимон.

Ова е парфем од кој ќе станете зависни, парфем кој открива контраст во личноста, разликата помеѓу темнината и светлината. Суровите состојки, вклучувајќи го и канабисот кој ретко се употребува во парфемите, ја нагласуваат сензуалноста на машката и женската кожа. Состојките се судруваат меѓусебно се додека не постигнат совршена хармонија!

Пирамида на мириси

Во горните ноти се наоѓаат бергамот, кардамон и лимон. Веднаш потоа, во срцевината на парфемот ќе ги почувствувате црната рибизла, цимет, тонка грав и канабис. Завршните ноти се бензоин, мов, мошус и пачули.

Шишето икона е од современата Jewel колекција, со сурови и геометриски линии изразени во спротивставени полноќно-сино монохроматски бои, на авангарден начин се израз на архитектонскиот речник.

„Секоја линија е уникатна. Шишето ја изразува мојата волја да почнам со блок од суров камен, исто онака како што писателот се соочува со празна бела страница, дури и кога ќе напише нова приказна, на крајот секогаш е препознаен по неговиот стил. Така, парфемот станува еквивалент литературното дело на парфимерот. Секоја креација ја создавам според ДНК на мирисот во кој се сместува. Нијансите предизвикуваат чувство на смиреност, треперливи бои на еден суптилен момент кога денот станува ноќ… Да се молчи…или не.“

                                                                                                                                               Martine Micallef

Атмосферата на DesirToxic открива интензитет и сензуалност на секси, магнетни и страствени ликови. Нивното постоење вибрира на мелодијата на нивните движења. Романтични, енигматични ликови кои се икони, истите тие негираат пристап до нивната спротивставена душа. Урбани легенди, доброволно бунтовни, овие ноќни птици сакаат да живеат опасно. Нивната телесна енергија ги обележува улиците. Зависни од опасните врски, тие копнеат една ноќ да трае подолго, како и недозволените состојки, како канабисот кој се наоѓа во срцето на парфемот. Нив, засекогаш под својата кожа ги имаат нивните партнери.

Незаборавни, токсични!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Претходен пост

ДЕНОВИ НА КАНАДА ВО СКОПЈЕ – БОГАТА ПРОГРАМА ЗА ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА СОРАБОТКАТА НА ДВЕТЕ ЗЕМЈИ И НАЗНАЧУВАЊЕ НА НОВ ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ ЗА МАКЕДОНИЈА

Следен пост

СИНТРА – МАГИЧНО МЕСТО ВО ПОРТУГАЛИЈА КОЕ ВЕ ВРАЌА ВО МИНАТОТО

Следен пост

Jack Ma од Alibaba вели дека можеш да бидеш успешен, само ако им помагаш на другите

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.