Досега сигурно сте слушнале многу приказни за богатите луѓе. Една од најинспиративните во модерното време е онаа на сопственикот на кинеската Alibaba, Jack Ma.
Во моментов, тој најбогатиот човек во Кина, иако во минатото се соочил со многу неуспеси и тешкотии. Меѓудругото, има аплицирано за работа како келнер во KFC, но бил одбиен. Потоа аплицирал на Харвард од каде бил исто така одбиен. Следниот чекор бил одговор на одлас за работа како полицаец, каде повторно доживеал неуспех.
Jack Ma дошол на идеа за Alibaba и успеал да убеди 16 негови пријатели зошто таа идеја може да биде успешна. Идејата била базирана на мотивирање на луѓето online со што евентуално ќе ја доведе Alibaba до пораст B2B компанија. Верувањето позади оваа идеја било, НИЕ МОРАМЕ ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА ЛУЃЕТО НИЗ ПРОЦЕСОТ, ТАКА И НИЕ ЌЕ ПОРАСНЕМЕ.
Не подоцна од една декада, коосновачот на Alibaba има неколку одлични совети за бизнис за нас.
Jack Ma вели дека можеш да бидеш успешен единствено ако помагаш на другите.
“Денес ние имаме вработено 70.000 одлични, млади луѓе. Имаме 700 милиони корисници и ништо од тоа не ми припаѓа мене. Денес, Alibaba има 400 милиони капитал. Подржуваме млади бизниси, ги подржуваме жените и тоа е причината зошто сме успешни“.
“Кога имаш повеќе од 100 милиони долари, тоа не се твои пари. Тоа се пари на заедницата која верува дека можеш да управуваш со парите подобро од нив“.