Светот полека почнува да наоѓа начин како да се бори против климатските промени кои земаат се поголем замав, а за кои е виновен човекот.
Истражувачи од Вишата техничка школа за земјоделски инженеринг на Универзитетот во Севиља објавија студија во која укажуваат дека би било неопходно да има меѓу 207 и 740 хектари зелени покриви за да се намалат ефектите од климатските промени во однос на максималната температура која се предвидува дека ќе порасне од 1,5 до 6 ºC до крајот на векот.
Инсталацијата на овие градини ќе обезбеди подобра изолација на зградите, што би значело заштеда на енергија за нивните сопственици. Доволен број зелени покриви може да резултира во подобрување на условите на животната средина, придонесувајќи за намалување на загадувањето и ублажување на ефектите од климатските затоплувања
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.