Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

СЕ СЕЌАВАТЕ НА ПРВИОТ ПРИЈАТЕЛ ОД ДЕТСТВОТО?

45
Споделувања
239
Прегледи
Сподели на фејсбук

Во детството, пријателствата најчесто се базираат на споделување играчки и задоволство кое потекнува од исполнувањето на заедничките активности. Овие пријателства се проследени со љубов, безгрижност и забава.

Позрелите деца стануваат помалку индивидуални и повеќе зависат од други. Почнуваат да го сфаќаат погледот на пријателите и уживаат да учествуваат во групни активности. Исто така, искусуваат и отфрлање од поединци додека поминуваат низ средните детски години.

Оформувањето на добро пријателство во раните години му помагаат на детето полесно да се приспособи на општеството во понатамошниот дел од животот.

Во 1975 студијата “Bigelow” и “La Gaipa” дошла до сознание дека очекувањата за терминот “најдобар пријател” станале значително покомплексни со текот на растење на детето. Студијата дошла до ова сознание со испитување извршено врз 480 деца во границите од 6 до 14 години.

Увидени биле три фази на развој на очекувањата од другарството.
Во првата фаза најважно за децата е споделувањето на заеднички активности и географската близина.
Во втората фаза најважни се споделувањата, лојалноста и посветеноста.
Во третата фаза има значителна потреба од слични ставови, вредности и интереси.

Учењето од родителите може да биде корисно за децата при пронаоѓање на пријатели и развивање на пријателствата.

Студија изведена од истражувачи од “Purdue University” откриле дека другарствата формирани по средното образование траат подолго од оние формирани порано.

Тоа е резултат на искуството кое личностa го стекнала во периодот на адолесценција. Во тој период се градиме како личности, се запознаваме себе си, па според тоа подоцна во животот ги одбираме луѓето кои размислуваат слично како нас, имаат приближно исти интереси, слушаат иста музика или имаат сличен стил на облекување.

Потребата за пријател е уникатна и незаменлива. Пријателството е присутно во љубовните врски, во семејните односи и на работните места. Човекот не е комплетно исполнет ако овој дел е отсутен и недостасува.

Чувајте ги и негувајте ги своите пријателства. Тие се дел од тоа што сме денес и од тоа што можеме да бидеме утре.

При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Претходен пост

Инфософт Групацијата со силна поддршка во реконструирање на областите погодени од земјотресот во склоп на иницијативата Солидарна Албанија

Следен пост

КОИСЕ ТАЈКУНИТЕ И ЗОШТО ТАКА ГИ ВИКАМЕ?

Следен пост

Jack Ma од Alibaba вели дека можеш да бидеш успешен, само ако им помагаш на другите

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.