Силниот земјотрес кој што ја потресе Албанија на 26.11.2019, предизвика огромна штета.
Сочувствувајќи со сите семејства кои директно се потресени од овој земјотрес, со оние кои што ги изгубија своите најмили и оние кои претрпеа огромни материјални штети, Групацијата Инфософт која оперира на повеќе пазари во регионов, меѓу кои и македонскиот преку компанијата ИТД Дистрибуција ја поддржа иницијативата Солидарна Албанија која се залага за реконструкција на оние области кои претрпеа огромни материјални штети.
Управниот одбор на Инфософт Групацијата, со поддршка на раководителите на компаниите на Групацијата, Инфософт Системс, ИТД, ИнтерБрендс, Интер Трејд & Дистрибуција, Интер Дистрибјушн сервиси, ИМЛС, ИнРЕ, одлучи да и се придружи на иницијативата Солидарна Албанија со цел ублажување на состојбата на погодените од овој земјотрес со 420.000 евра. Овој износ од компаниите на Групацијата ќе се депонира во официјалната сметка најавена од владата на Албанија како фонд за реконструкција на области погодени од земјотресот.
,,Тоа што овие денови го научивме е големата човечка сила, која се стекнува преку солидарноста и хуманоста која барем малку да ја ублажи состојбата за да се надминат штетите од оваа непогода. Со гордост денес се солидаризиравме и ја поддржуваме иницијативата Солидарна Албанија која се залага за реконструкција на оние области кои претрпеа огромни материјални штети,, изјавија од Управниот Одбор на Групацијата при потпишувањето на декларацијата за солидарност.
Инфософт Групацијата, со својот слоган „ Stronger together”, која има повеќегодишно филантропско делување, во овие тешки моменти стои блиску до секој граѓанин и ги поддржува сите иницијативи за ублажување на нанесените физички или психолошки штети.