Целиот свет хумано се здружи да помогне во спасувањето на Австралија од апокалипсичните пожари. Никој не остана рамнодушен на оваа еколошка катастрофа во која покрај огромната зелена површина, милионите уништени животни, имаше и човечки жртви и голем број на уништени домови. Така и светски познатите ѕвезди допрени од трагедијата, донираа големи суми за да помогнат во борбата со ужасот што се прошири на огромен дел од територијата на Австралија.
Пинк беше меѓу првите славни личности што финансиски придонесе и со својата донација од 500.000 долари ја даде својата поддршка. Таа на својот инстаграм профил објави: “Уништена сум кога гледам што се случува во Австралија во овој момент со големите пожари. Ветувам донација од 500.000 долари директно до локалните противпожарни служби кои се борат храбро во првите редови.”
Покрај Пинк, меѓу славните кои донираа се Марго Роби, Никол Кидман ($500.000), Кајли Миног ($500.000), Крис Хемсворт ($1.000.000) и Елтон Џон ($1.000.000).
Сите тие хумано замолија и јавно на своите профили ги објавија линковите на кои сите граѓани можат да учествуваат со донации, онолку колку што можат.
“Се надевам дека сите ќе можат да придонесат на кој било начин. Секој долар се брои. Тие пари одат директно на пожарникарите, луѓето од првите редови, луѓето кои претрпеле, заедниците што настрадаа и се во очајна потреба од нашата поддршка.” -Крис Хемсфорт
Бројот на загинати расте (последно е 24), а десетици сè уште се водат како исчезнати. Само во Нов Јужен Велс, повеќе од 1,500 куќи се изгубени. Прочитајте повеќе за причините поради кои настанаа пожарите.
“Гледајќи ги пожарите што беснеат низ Австралија, срцето ми се скрши. Оваа трагедија однесе животи, домови и уништи толку многу животински свет. На моето шоу во Сиднеј минатата вечер, ветив дека ќе му дадам поддршка на Фондот за помош против пожарот.” -Елтон Џон
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.