Овен
Провокативен, гласен, енергичен и незапирлив, Овенот е знак кој сите го забележуваат. Неговата живост ја издава нетрпеливоста и открива личност на која секогаш и недостасуваат зборови за да го искаже она што го чувствува. Огнен знак со бурни реакции, гледа предизвик позади секоја упатена критика. Во работните, како и во пријателските и романтични односи, тој е секогаш во право и се знае.
Овенот не прифаќа ништо половично од луѓето, исто така за возврат дава се или не дава ништо. Важи за тежок и тврдоглав знак кој секогаш тера по свое и сè гледа низ своја перспектива, лесно избувнува и често во лутина кажува работи што не ги мисли. Сепак, тоа не трае долго и по кратко време се однесува како ништо да не се случило, истакнувајќи ја својата ведрина. И покрај тоа овенот е искрено сакан и ценет од пријателите поради својата великодушност, чувствителност, отвореност и чесност. Овенот не се извинува со зборови, но своите емоции ќе ги покаже на поинаков, свој начин.
Бик
Бикот е одлучен, темелен и упорен. Како и останатите земјени знакови, тој е рационален и внимателен, но не е ситничар како Девицата или опседнат со кариерата како Јарецот. Сака да успее, но не му е крајната цел само да работи и да биде успешен – Бикот сака да ужива во животот, да изгради дом, семејство и да остави нешто позади себе. Добро ги контролира емоциите, максимално е посветен на задачите кои си ги задава, а стекнувањето и поседувањето на одредени предмети го исполнува. Има јасни цели кои сака да ги постигне, но не е идеалист кој се стреми кон нешто што знае дека не може да го оствари.
Бикот е тврдоглав и истраен, ретко се откажува од своите цели, освен ако е разочаран. Може деноноќно да работи без прекин, но е познат и по својоата мрзеливост, неподвижност и рамнодушност. Бикот е меланхолик кој сака да се препушти на спомените и љубовните мечтаења, заборавајќи на важните работи кои мора да ги сработи – за кои најчесто во моментот нема мотивација. Но, кога ќе одлучи да направи нешто, никој не може да му застане на патот.
Добродушен, но не и наивен. Порано или подоцна ги препознава оние кои сакаат да го искористат и кон нив знае да биде екстремно строг и груб. Сака да го искуси животот следејќи го срцето, а учи само на своите грешки.
Близнаци
Ова е знак кој не може да се пофали со челична волја, ниту мистична сила, но затоа интелектуалните способности му се исклучителни. Близнакот е сестран, наоружен со знаење од сите полиња, знае како со зборови и снаодлив во сите ситуации. Во друштво е секогаш насмеан и ведар, се радува на нови познанства и искуства и без проблем менува навики и места на живеење.
Близнакот лесно се прилагодува и е полн со енергија. Духовит знак кој важи за еден од најзабавните во зодијакот и кој го негува својот младелашки дух и во повозрасните години. Многумина мислат дека е дволичен бидејќи често го менува своето мислење или интересот. Тешко е да задржите Близнакот на едно место, физички или емотивно.
Рак
На прв поглед груби и дрски, Раковите кријат сложена емотивна структура и длабоки внатрешни доживувања. Тоа се луѓе кои се создадени од силни чувства и длабоко преживуваат се што им се случува. Ракот делува пасивно, тивко и таинствено. Претпазлив е и она што му е непознато го доживува како закана. Повеќето ракови не се плашат и грижат толку за нив колку за нивното семејство. Не е агресив знак, се додека некој не ги нападне нивните сакани.
Лав
Лавот е знак со голема физичка и умствена сила. Тој има потенцијал што без сомнеж ќе го искористи на вистински начин. Има огромни апетити. цврста волја и изразена самодоверба. Лавот многу добро знае што сака, но и како ќе го добие посакуваното. За да го сфатите Лавот, треба да ја проучите неговата приватна, професионална и социјална средина. Тој е оној што има динамична улога или се труди тоа да го постигне. Се што прави, прави со срцето, но и за да добие оправдување, обожување и аплауз.
Лавот сака внимание, затоа се што прави е неважно додека не е видено и уважено од другите. Сака да биде заштитник, иницијатор и лидер. Великодушен е кон оние што му се лојални и кои ги сака. Не е заинтересиран за просечното и Лавот е секогаш оној кој дава на се поголем сјај. Многу е емотивен иако не изгледа така. Живее за драма – Ако ја нема, со задоволство ќе ја создаде.
Девица
Девицата е интелигентна, критична, способна и прилагодлива. Но, она што и недостасува е интуиција, инстикт, имагинација и самодоверба. Има одлично помнење, а знаењето секогаш го применува во пракса. Благодарение на способноста и прецизноста, лесно се посветуваат на работата дури до степен да се дистанцираат од социјалниот живот.
Ја ценат точноста, совесноста и одговорноста. Не сакаат да се преправаат, многу анализираат и склони се да критикуваат бидејќи трагаат по совршенство. Премногу се грижат за најмалите детали, со што ја губат реалноста на целината. Потребен им е некој што постојано ќе ги поттикнува и охрабрува бидејќи Девиците се познати по својата несигурност.
Девицата функционира одлично додека работите се одвиваат според план, но при било која непредвидлива ситуација, ја фаќа паника, по што делува ладно, одмерено, нервозно и збунето.
Ретко се целосно отворени со пријателите, а дури и кога би направиле се за нив – не знаат да го покажат тоа.
Вага
Вагата е во постојан стремеж кон рамнотежа и најчесто успева во тоа. Но, секаде каде има две страни мора да постои и неодлучност, а токму тоа е една од главните карактеристики на Вагата. Овој знак се смета за еден од најубавите знаци, почнувајќи од нивната ведрина, изглед, однесување и манири. Особено важно им е да бидат опкружени со убава и хармонична атмосфера. Надворешниот изглед им е многу важен, дури и премногу. Верувајќи дека зад убавите и негувани фасади се кријат вредни чувства, може да го поклонат своето срце и доверба на погрешни личности.
Вагата е способна успешно да сокрие кога се чувствува лошо, а понекогаш и да ги потисне сите негативности од животот. Обожава комплименти и подароци, а подраго им е ласкањето отколку искрена и добронамерна критика. Имаат голем број познаници, но минимален број на вистински пријатели. Сакаат да зборуваат за себе, па и за своите негативни искуства, но, со цел да инспирираат и предизвикаат воодушевување, а не сожалување.
Најмногу ги мотивира добар натпревар, каде гледаат одлична можност да ги докажат своите најдобри страни, без разлика дали се работи за убавина или интелектуални способности.
Шкорпија
Шкорпијата е знак кој со надворешниот изглед ретко ја открива својата бурна внатрешност и врел темперамент. Припадниците на овој знак се таинствени и воздржани, а своето лице го покажуваат само на блиските. Шкорпијата ја краси голема енергија, но е многу самодеструктивна. Сака добар хумор, особено црн хумор. Провокативен и духовит знак, често циничен и саркастичен. Шкорпијата не се плаши од непознатото, но не сака нагли и големи промени. Станува лута и избувлива кога нешто не им се случува според замислата. Не се многу флексибилни, па во расправии најчесто ја обвинуваат другата личност.
Во пријателството, како и во љубовта, Шкорпијата е великодушна, доверлива и многу лојална. Но, често е одмаздољубива, без волја да прости на оној кој и згрешил.
Стрелец
Огнен знак кој симболизира далечина, патувања и висок морал. Стрелецот е енергичен, отворен и див. Патник без постојана адреса, понекогаш премногу се впушта во ризични ситуации и не се води според правила. Го кажува она што прво му паѓа на памет, прашува се што го интересира на неодолив, детинест начин. Стрелецот е чесен и искрен, и мисли дека сите останати се такви.
Сака да е опкружен со многу луѓе, да помогне на останатите и е прв доброволец кој ќе се пријави за некое ново искуство. Мрази кога некој се обидува да му ја скрати слободата или кога нешто мора да направи.
Љубопитен е за другите култури, традиции и начин на живот. Сака да искуси буквално се.
Јарец
Контрадикторен знак кој е често песимист и внимателен, но секогаш жедно се стреми кон успехот, напорно работејќи за да го постигне и има. Никогаш не се откажува, а колку е повозрасен, толку е подобар во тоа. Учи на своите и туѓите грешки и постојано се усовршува. Се движи со високо крената глава, не грижејќи се многу за она што се случува наоколу. Но, тоа не значи дека не забележува ништо. Јарецот анализира, многу повеќе отколку што активно учествува и токму тоа му помага да ја запознае околината и да одлучи како ќе се постави.
Одлично ги владее сопствените емоции, не го допираат ситници. Нема многу пријатели, а оние што ги има ги познава многу долго. Не го зема туѓото и никако не го дава своето. Некои би го нарекле скржав, но тој е пред се рационален. Жеден за моќ, сака да живее луксузен живот и се огледува на авторитети.
Водолија
Духовит и ведар знак, преполн со идеи и романтични замисли. Водолијата е по малку наивна, но тоа вешто го крие со својата таинственост. Се стреми да биде во добри односи со сите, а поради толерантноста и искреноста тоа најчесто и успева. Непредвидлив знак, се разликува не само од останатите знаци туку и од останатите припадници на нејзиниот знак. Старото астролошко правило вели дека не постојат две исти Водолии, но сепак некои особини им се заеднички.
Секоја Водолија сака да биде различна, оригинална и неповторлива. Има тон замисли, но и недостига практичност. Затоа, најдобро се изразуваат во тимска работа.
Овој знак е украсен со алтруизам и приземјеност. Најмногу ги цени духовните вредности и интелектуалните постигнувања. Водолијата не е заинтересирана за минатото, само за иднината.
Риби
Пасивен и променлив знак, Рибата може да биде многу тврдоглав, употен и доследен кога е во прашање некој идеал или сакана личност. Овој знак е или многу опасен или многу кревок – нема златна средина. Овој знак не е создаден да се движи низ животот сам, сака да е дел од заедница или група. Живее во свет исплетен од сништа и мечтаење, а реалноста не им е многу силна страна.
Ненамерно може да се заглават во непосакувана комфорт зона и им е тешко да излезат од неа. Рибата е украсена со креативност, интуиција и визионерски дух, често изразено талентирана. Се изразуваат преку бои и музика и длабоко ги проживуваат негативните емоции.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.