Денот на вљубените полека, но сигурно стана обавезен празник и кај нас. Луѓето сакаат да се почувствуваат посебно и сакано, а и секоја прилика за подарок е добредојдена.
Но, сепак некои луѓе колку и да сакаат подароци, не го сакаат поводот на овој празник. Такви се луѓето родени во хороскопските знаци Водолија, Близнаци и Шкорпија.
Водолија
На водолиите покрај останатите особини, истакната им е креативноста. Тие сакаат уникатни и посебни моменти за дарување и покажување љубов. Не сакаат подароци за денот на вљубените, бидејќи за нив тоа е присилено. Ценат кога ќе добијат подарок кој ги опишува нив и не е поврзан со специфичен датум. Така знаат дека подарокот е даден од срце, а не поради тоа што се “мора” или така треба. Да, водолиите навистина сакаат да се чувствуваат дека се единствени и незаменливи во вашиот живот иако не го покажуваат тоа лесно.
Близнаци
Вистинската причина зошто овој хороскопски знак воопшто не го сака денот на вљубените е поради тоа што не знае да ги покаже своите романтични емоции на вообичаен начин. Од близнакот не очекувајте подарок или често изјавување на љубов, тие тоа не го прават. Затоа, не ги сакаат и таквите гестови од партнерот бидејќи ќе се чувствуваат приморено да купат и тие нешто.
Шкорпија
Шкорпиите се едни од најемотивните и романтични знаци во зодијакот. Можеби е чудно што се наоѓаат на оваа листа, но одговорот е причично едноставен. Тие се романтични на свој, уникатен начин. Не се љубители на класични подароци и нивната желба за дарување се случува спонтано. Мразат кога мораат нешто да направат, па веројатно тоа е и причината поради која не сакаат да подаруваат или да добијат подарок на денот на вљубените. Од шкорпиите можете да добиете многу подароци во текот на врската или бракот, но во ниту еден момент нема да го предвидите тоа. Сакаат да изненадат и нивниот романтичен гест да биде засекогаш запомнет. Но, истото го очекуваат и од партнерот.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.