Томас Карлајл Форд е роден во Остин, Тексас. Родителите му биле агенти за недвижнини, па од нив го развил чувството за убаво и удобно живеење.
Светот дозна за него во 90те години на минатиот век, кога стана дизајнер за Гучи и го освежи нивниот стил. Тој создаде гламурозни, смели, секси парчиња облека кои ја дефинираа таа ера.
„Иако Прада и Гучи владееја со светот на модата, токму Том Форд направи значајни промени во однос на стилот на жената, му даде острина, препознатливост,“ изјави најмоќната дама во светот на модата Ана Винтур, уредничката на Вог.
Денес Форд има сопствен моден бренд кој што вклучува облека, асесоари и производи за убавина. Неговите производи се продаваат во 120 земји во светот
„ПАРИТЕ И УСПЕХОТ ЌЕ ВИ ЈА КУПАТ СЛОБОДАТА ДА ГО НАПРАВИТЕ ТОА ШТО МИСЛИТЕ ДЕКА Е ДОБРО ЗА ВАС. ЈАС ГИ ПОМЕСТУВАМ ГРАНИЦИТЕ ЗАТОА ШТО МОЖАМ“- ТОМ ФОРД
Линија машки мириси – SIGNATURE
Tom Ford – For Men
Tука веднаш се чувствува „спајси “акцентот, односно дрвенестите ноти и праисконските тонови кои го прават овој парфем луксузен, но истовремено елегантен и модерен. Креиран за префинети и заводливи мажи со софистициран стил.
Tom Ford – Extreme
Интензивна машка интерпретација на сензуалноста која зрачи со неприкосновен стил и самодоверба.
Grey Vetiver
Елегантен и префинет мирис каде се чувствуваат цитрусните ноти со раскошно присуство на зачини и скапоцени дрвенести ноти.
Tom Ford Noir
Ориентален и сензуален мирис кој е олицетворение на перцепијата на Том Форд за мажи: префинети, урбани кои каде и да поминат, ќе бидат забележани.
Tom Ford Noir EDT
Овој мирис е за динамични и енергични мажи, со силно присуство на цитрусни ноти.
Tom Ford Noir Extreme
Noir Extreme открива нова димензија за Noir Мажите. Дрвенесто -ориентален мирис збогатен со ноти на амбер. Тој е за мажите кои се доволно храбри да се издвојат од толпата и да бидат извонредни.
Линија на парфеми за жени – SIGNATURE
Black Orchid
Луксузен и сензуален мирис со раскошни темни тонови на магичната црна орхидеја, модерен и безвременски парфем.
Black Orchid EDT
Ова е посебна креација која претставува заводлива револуција со сопствен карактер кој чека да биде покажан.
elvet Orchid
Ориентално цветен мирис кој претставува еволуција на мирисите на Том Форд.
Noir Pour Femme
Овој парфем претставува фасцинантен парадокс – тој е за жени кои се истовремено екстравагантни и сензуални.
White Patchouli
Со својата сензуална доминација на пачули, ова е модерен мирис во ретро класично издание.
Tom Ford Private Blend –Линија за мажи и жени
Noir de Noir
Ова е мирисот кој e посветен на јинг и јанг, ориентален парфем која ја открива женската димензија на Том Форд.
Тоbacco Vanille
Том Форд е дизајнер кој е обземен од Лондон, го обожава и тоа го покажува преку креирање на Tobacco Vanille, кој пак асоцира на англиски клуб за мажи.
Oud Wood
Една од најбараните и најценети состојки во парфемската индустрија е OUD, која многу се користи во источните храмови и е позната по силниот мирис.
Costa Azzura
Оваа свежа мешавина преку мирисот не носи на плажите во Сардинија, не потсетува на свежината на морето и летото.
Neroli Portofino и Neroli Portofino Acqua
Уште една летна свежина посветена на италијанската ривиера, на летната заводливост и убавината на бескрајните азурни плажи.
Mandarino di Amalfi
Слоевит, искрен и прозрачен мирис кој ни носи слика во главата од карпестите предели на дивото море. Цитрусната свежина е неодолива.
Да се поседува парфем со потпис на Tom Ford е вистински престиж. Кога ги креирал парфемите, дизајнерот имал идеја дека ова ќе бидат парфеми за луѓе кои го сакаат престижот, кои знаат да проценат што е добро и ретко, односно за луѓе со истенчен вкус, храбри личности кои сакаат да доминираат и да бидат забележани.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.