Умерената количина на кафе може да има блaготворно дејство на вашиот огранизам, но тоа никако не смее да биде пред појадокот.
За многумина, утринското кафе е вистинска потреба. За волја на вистината, ништо не може да ве разбуди повеќе од топла шолја кафе. Поради ова и не треба да чувствувате вина, бидејќи кафето има бројни здравствени корисни страни.
Но, тоа никогаш не треба да биде на празен желудник.
Кафето може негативно да влијае на системот за варење, бидејќи го забрзува процесот на создавење на желудечни киселини, кои ако немате ништо претходно јадено, може да ја оштети слузницата за желудникот и да предизвика лошо варење на храната.
Покрај тоа, може да предизвика и вознемиреност и промена на расположението.
Кафето може да ги засили симптомите на анксиозност и да ја рабрза работата на срцето. Затоа, обидете се вашето кафе да го пиете заедно со вкусен појадок. Вашиот организам ќе ви биде благодарен.