Неколку дизајнерски совети може да ви дадат идеја како вашиот дом од едноставен да го претворите во луксузен и впечатлив и секако тоа да не чини многу пари.
Инвестирајте во еден полуксузен детал
Дали ќе се одлучите за фотелја, столица или столна ламба, тоа нека биде впечатливо парче кое вашите гости ќе го забележат веднаш штом ќе влезат во вашиот дома. Внимавајте, се останато да биде многу поедноставно уредено, за да можете да одделите посебен простор кој ќе му припаѓа само на ова парче.
Многу голема спална соба
Дизајнерите препорачуваат вашиот кревет во спалната соба да биде што поголем. Постелнината е пожелно да биде уште поголема од креветот, а со тоа ќе добиете впечаток за пространост. Исто така не ги заборавајте перниците, тие мора да бидат големи и удобни, а вие ќе уживате додека читате книга потпрени на нив.
Играјте со материјалите
Покривка на вашата омилена фотелја со некој интересен дезен може да долови многу повеќе луксуз во дневната соба. Нежните, топли тонови е пожелно да преовладуваат во просторот.