„Почувствувај со читање, прослави со љубов“ – слоганот на (н)овогодишниот Зимски фестивал на книгата кој денес започнува во ТРИ, најавува зима во која ќе читаме многу нови книги заедно со најблиските.
Традиционално, Зимскиот фестивал на книгата ќе трае од 20.12. до 31.1.2022 година, во сите книжарници на ТРИ, а и онлајн на kniga.mk.
Секој книгољубец идеалната зима ја замислува со саканите близу себе, топла прекривка и многу убави зборови. ТРИ го овозможува тоа подготвувајќи нови наслови – најдоброто од скандинавската литература, „Кралството“ од Ју Несбе, и повеќе романи кои носат позитивни вибрации неопходни за среќен почеток на годината – „Ми велеа дека сум пречувствителна“ од Федерика Боско, „Можеби треба да разговараш со некого“ од Лори Готлиб, „Проектот автентичност“ од Клер Пули. Во текот на Фестивалот ќе навираат и други наслови како „Пред да се излади кафето“ од Тошиказу Кавагучи и „Магијата на расчистувањето“ од Мари Кондо, а едицијата „Безвременски“ ќе се збогати со три нови наслови.
Подарувањето книга е чин на подарување нови светови, па во ТРИ ќе се погрижат за новогодишниот дух на подарените книги. За што е можно повеќе подароци и повеќе време поминато читајќи, во текот на Фестивалот, освен снижени цени, ќе трае и скалест попуст.
Има уште многу новости и изненадувања, а Фестивалскиот каталог е на следниот линк .
Првото поглавје во книгата на животот започнува наскоро, но времето да се подготвите за негово пишување започнува со почетокот на Зимскиот фестивал на книгата.