Постојат луѓе кои обожаваат животни и имаат минимум еден домашен миленик, но има и такви кои не ги сакаат. Но, нејасно е зошто има и такви кои сакаат од непознати причини сакаат да им наштетат на невините животни.
Џејн Харпер уживала во прошетката во градот Нотингемшир (Англија) кога забележала нешто навистина шокантно. Куче се мачело да остане на површината на реката.
Таа прво помислила дека се работи за несреќен случај и кучето случајно паднало во реката. Кога се приближила до работ и се обидела да го дофати кучето, тоа било во толку лоша состојба што помислила дека кучето не е живо, но тогаш тоа трепнало и Џејн почувствувала олеснување.
Тогаш забележала дека нешто ја спречува да го подигне кучето над површината на водата и го здогледала големиот камен за кој кучето било врзано.
Ситуацијата била повеќе од очигледна дека некој намерно сакал да му наштети на кучето.
Откако го отстранила каменот и го извлекла измрзнатото и слабо куче од реката, останати минувачи и помогнале. Една жена донела крпи, додека еден маж го соблекол својот џемпер за да го стопли кучето.
Ветеринарите успеале да го спасат кучето, за кое се воспоставило дека е женка, а отпосле се потврдило според нејзиниот чип дека се вика Бела и има два сопственици.
Последните информации се дека наводно сопствениците сакале да се ослободат од миленикот и биле приведени од полицијата.
Извор: virealni.online
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.