Сара и Каи од Канада се најдобри другарки уште од своите студентски денови и повеќе од 15 години тие се уште живеат заедно.
Двете биле регистрирани како згрижувачки родители и еден ден добиле повик дека постои бебе на кое му е потребно дом. Неколку дена подоцна, социјалниот работник пристигнал кај нив со бебето и неопходни работи како пелени и млеко, им посакал среќа и набргу заминал.
Тие најпрво збунети од новата ситуација, сепак лесно ја прифатиле промената во домот и почнале да се грижат за девојчето.
Сара и Каи не се романтичен пар. Тие се две млади и слободни девојки, најдобри другарки кои решиле да бидат партнери во одгледување на деца во нивниот заеднички дом – како згрижувачки родители.
По колеџ, заедно патувале низ Европа и посвоиле куче. Неколку години потоа се запрашале зошто да не им посакаат добредојде во домот и на неколку дечиња на кои им треба дом, нега и љубов?
Двете девојки работеле благородни професии – Сара водела група во градинка, а Каи работела во здравствена установа и заедничкиот живот со кучето им одел одлично. Тогаш си го поставиле прашањето: “Зошто да не и деца?”
Откако го згрижиле бебето, по неколку години дознале дека полусестрата на Каи има потреба од дом. Не им требало многу време за да се одлучат да го згрижат и него. Набрзо потоа, двете пријателки не можеле да си го замислат животот без нивните деца. Тогаш поднеле барање за посвојување што набрзо било и одобрено. Тие од канадскиот суд добиле еднакви права како платонски партнери и ги посвоиле децата.
Тоа било моментот кога официјално станале семејство.
Дали вие би се одлучиле да основате семејство со вашата најдобра другарка?
Извор: marieclaire.com
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.