Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Здрав и среќен живот: Права Vs Обврски

94
Прегледи
Сподели на фејсбук

Имате право да живеете здрав и среќен живот! 

Имате право да чувствувате спонтана радост и среќа!

Имате право да ги отфрлите несоницата, мускулните тензии и грчеви или пак нервозите… без разлика низ што поминувате во животот !

Постои еден мит во нашето општество кој вели колку повеќе работите, толку повеќе ќе ви биде подобро. Но, не е баш така ! Водење на таков живот може да ве направи да немате чуство за себе па кога телото ќе ви испрати порака дека не се чувствува добро, вие може да го игнорирате. И додека се свртите веќе сте под стрес и напнатост, имате болки во грбот, несоница, тврда столица или што уште не, се разбира во зависност од вашите генетски предиспозиции, кои пак можат да активираат некој ваш внатрешен потенцијал за некоја болест.

Се додека сакате да одговорите на сите свои барања и потреби се доведувате во живот полн со тензии и немир, кој се разбира ве води кон одалечување од вашата есенција или внатрешен мир. Но, иако живеме во општество кое има многу барања кон вас, со вежбање на техники кои опуштаат, зајакнуваат и смируваат, вашиот имунолошки систем може да го активирате а со тоа дел од вашето здравје да го подобрите.

Постојат два аспекта кои треба да ги примените за да го подобрите целосно вашето севкупно физичко и ментално здравје

НАЈПРВО треба да напрвите прекин на доставата на сите токсични работи кои ги внесувате во вашето тело, а тоа може да биде прекумерно пиење алкохол или кафе, прекумерно внесување месо,замрзнати или пржени производи, недоволно спиење, лошо друштво, губење на време со луѓе кои ве исцрпуваат – само затоа што можат нешто да ви дадат .. и уште многу други работи кои свесно или несвено ги правите и си наштетувате. А дури ПОТОА или напоредно, може да започнете да внесувате во телото чист воздух (еднаш неделно може и треба да пешачите во природа) , свежа вода, здрава храна полна со витамини и минерали, учење или читање нови содржини за вас, дружење со позитивни луѓе, љубов, еротика и секс.

Ако на сето ова додадете и вежби за опуштање, зајакнување и смирување кои може да бидат ЈОГА вежби но може да бидат и било кој друг тип на вежби кои вас ве инспирираат и радуваат, вие сигурно ќе го подобрите вашето здравје ќе го подигнете нивото на свесност и ќе живеете задоволен живот полн со среќа и задоволство.

Така ја превземате одговорноста за себе и своето здравје ! А со одговорностите доаѓаат и правата. Тогаш правото за водење на здрав и среќен живот е применливо !

Со Љубов,

Билјана Пешева-

Професионален тренер за возрасни

Јога инструктор во Healthy YOGA

Тренер за сеофатна лична добробит (Wellness couch)

При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Претходен пост

БРАЗИЛСКИ ОРЕВ – ПРИРОДЕН ЗАШТИТНИК НА ЗДРАВЈЕТО

Следен пост

Евтино наспроти скапо

Следен пост

Jack Ma од Alibaba вели дека можеш да бидеш успешен, само ако им помагаш на другите

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.