Здравјето секогаш е на прво место, треба да се негува и да се внимава на него. Исхраната е директно поврзана со здрaвјето, затоа од голема важност е што внесуваме и на кој начин го правиме тоа.
Во текот на денот на организмот му е потребна енергија заради нормално функционирање.
Токму затоа, денеска ви го презентираме бразилскиот орев, неговото влијание врз организмот и позитивните придобивки кај луѓето кои го консумираат.
Бразилскиот орев припаѓа на семејството Ericales, на кое припаѓаат боровинките и малините. Расте во Бразил, Венецуела, Колумбија, Перу и Боливија.
Иако, во минатото беше тешко да се најде кај нас, денес можете да го купите во супермаркетите, на пазар и во продавниците за здрава исхрана. Тој е богат со витамини, минерали, калории, антиоксиданти, а е одличен извор и на витаминот Е, но и на Б комплекс групата на витамини. Содржи високо ниво на селен и од голема важност е да не се надминува препорачаната доза за еден ден. Со јадење на 1 до 2 орева дневно се обезбедува потребното количество на селен.
Селенот има важна улога со тоа што му помага на телото да се одбрани од воспаленијата, воедно е важен и за нормално функционирање на штитната жлезда. Уште една позитивна работа е што бразилскиот орев не содржи глутен, така што е одличен за луѓето кои се интолерантни на оваа состојка.
Важно е да се запамети дека надминувањето на препорачаната доза може да предизвика негативни последици, бидејќи содржи 2500 пати поголемо количество селен од оревот кој расте и кај нас.
Доколку досега не сте го вклучиле во исхраната овој јаткаст плод, време е да го сторите тоа и да му направите услуга на вашето здравје.
При објавување материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.