Канадскиот премиер Џастин Трудо светската слава ја заработи благодарение на својата пријателска страна, социјалност, шарм, отворена и либерална поддршка кон маргинализираните групи, поддршката на ЛГБТ заедницата и женските права. Тоа што придонесува на добриот впечаток е и фактот што тој е на листата на Вог за „Најсекси мажи“.
За него се знае многу, но за неговата сопруга, Софи Трудо, светот нема многу информации. Таа стана интересна за јавноста откако ги објави фотографиите за Меѓународниот ден на жената. Во објавата на Инстаграм ги повика сите жени да ставаат свои фотографии од „машкиот сојузник“ во нивниот живот за да ја прослават улогата на сите мажи и момци кои ги поттикнуваат да бидат тоа што се, кои имаат еднакво почитување кон двата пола.
Софи е дел од многу кампањи кои ја промовираат еднаквоста на половите, таа е амбасадор на канадската иницијатива “Because I Am A Girl”.
Четириесетгодишната Софи Трудо е поранешна телевизиска водителка. Родена во Сент Адел, во покраина на Квебек, а пораснала во Монтреал. Нејзината мајка Естел Блаис била медицинска сестра, а татко и Жан Грегори, берзански брокер.
„Мојот татко и мојот вујко влијеа на мене уште во раното детство да го спознаам значењето на зборот феминист, тие ми ја дадоа самодовербата и вербата во сопственото тело, дух и издржливост“ – изјавила таа за Фешн магазинот.Тој однос влијаел многу позитивно врз односот со мажите подоцна во животот.
Што се однесува до образованието, има дипломирано на престижниот Универзитет МекГил во Монтреал, насока комуникации. По завршувањето на факултетот, се вработила во локална ТВ станица, а потоа станала и новинар на една од најпопуларните забавни програми во Канада, eTalk. Оторено зборувала за своите проблеми во младоста, како се борела со булимија, за начинот на кој нејзините родители ѝ помогнале да се спаси.
Со Трудо, се запознала во јуни 2003 година, кога го водела хуманитарниот бал на Mercedes-Benz. Иако уште од претходно го познавала неговото семејство, била дури и пријателка со неговиот најмлад брат Мајкл, кој во 1998 година починал во несреќа на скијање, на возраст од 23 години. Штом го запознала Џастин, привлечноста била очигледна.
„Се смеевме заедно, ни беше забавно, привлечноста беше очигледна. Си реков себеси дека тој е личност кој морам да го доживеам сериозно“ – изјавила подоцна Софи.
Два дена по нивната средба, таа му пратила меил, но тој бил во фаза од животот кога не го интересирале сериозни врски, па затоа не ѝ одговорил. Двајцата повторно се сретнале летото, а Џастин ја повикал на состанок. Биле во авганистански ресторан каде на караоке вечер пееле песни од Елтон Џон и Битлси.
Подоцна тој изјавил дека таа вечер, знаел дека Софи е девојката на неговиот живот.
Парот се венчал во 2005 година, на церемонија која била опишана од присутните „како од бајка“. Таа тогаш имала 30 години, подготвена да го следи во политичките планови во иднина.
Во 2015 година, Џастин Трудо беше избран за премиер, а неговата сопруга изјави дека е најгордата жена на светот. Брачниот пар има три деца, Ела Грејс, Хадриен и Ксевиер.
Софи е вклучена во многубројни добротворни организации, посебно е посветна на оние кои се борат за правата на жените. Освен тоа, таа е сертифициран инструктор по јога, а нејзиното хоби е сликањето.
Брачниот пар често пати сака заедно да ужива во различни спортски активности како бициклизам, скијање, возење кану и многу други спортови.
Тие двајца важат за златен пар во светот на политиката, не само во Канада, туку и на светско ниво.
Извор: still.kurir.rs
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот