Џорџија е најмалата ќерка на Мик Џегер и Џери Хол. Од нејзиниот татко таа ја наследила ексцентричната дрскост, од мајка си тексашката убавина во стилот на Плејбој убавица од 70-те години.
Иако таа има педигре на рок ѕвезда со доза на аристократија, сепак почнува да гради своја кариера, одбива да се задоволи до називот “нечија ќерка” и сака да биде типичен претставник на британската елита.
Таа секој ден го користи јавниот превоз и е горда на фактот што сама заработува. Џорџија е секојдневна девојка која не се одрекува од правата да биде нормална. Во време кога приватноста е луксуз, таа успеа да се држи настрана од очите на јавноста.
Во моментов живее со нејзината мајка во семејниот дом во Англија, додека чека да се уреди домот која таа сама го купила заработувајќи како модел.
“Кога имав 12 години татко ми ме праша, дали си ти нашминкана и јас му реков ‘да, но многу помалку од тебе’”- ќе каже во една прилика за британските медиуми зборувајќи за татко и, Мик Џегер.
Во секој случај, во едно се согласни сите – дека Мик Џегер и Џери Хол завршиле одлична работа воспитувајќи ја ќерката да израсне во зрела и независна личност.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот