Тој е композитор кој во неколку области од музичкото творештво дал врвни остварувања и тоа во синфониската, концертната, оперската и балетската музика. Роден е 1840г. а станува дел од музиката истовремено со композиторите на „Руската реторика“ иако не бил нивни член. Неговата музика, која имала руски карактер била добро прифатена, но сепак повеќе содржела западни елементи кои многу добро ги комбинира со елементите на руската народна музика.
Од неговите балети посебна популарност доживуваат: „Лебедово езеро, Заспаната убавица и Оревокршачка“ кои воедно се и први самостојни руски балети. Лебедово езеро е еден од најубавите романтичарски балети кој многу често се изведува, чија популарност не достигнува и денес. Додека заспаната убавица е живописна и кореографски ефектна приказна, чие потекло е од една стара руска сказна.
Напишал 6 симфонии, од кои првите три се со лирски карактер, а останатите со драмски. Неговата 6та симфонија која се нарекува „Патетична“ е последно негово дело, во кое Чајковски ја најавува безнадежната борба со судбината и ги изразува своите трагични чувства, а нејзината премиера била само 9дена пред смртта на големиот композитор во 1893г.
Неговата музика опфаќа најзначајни украси од романтичарскиот период, а многу од неговите дела се инспирација од случувањата на неговиот живот.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот