Откако претходно локалните власти предупредиле дека е возможна ерупција на вулканот Тал, денеска во раните утрински часови вулканот почна да испушта лава.
Околу 8,000 луѓе биле масовно евакуирани од областа по огромниот чад кој се издигнал на небото, најавувајќи ја ерупцијата.
Тал е втор најактивен вулкан во Филипини, иако во светот е еден од најмалите вулкани кои во последните 450 години имал 34 ерупции.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.