Потрагата на јапонскиот билионер Јусаку Маезава за девојка која ќе му се придружи на патувањето околу месечината ќе биде тема на нова документарна програма како најнов трик за привлекување внимание на јавноста.
44 годишниот Маезава, кој го продаде својот онлајн моден бренд Zozo Inc на SoftBank Group Corp е во потрага по слободни девојќи над 20 години да учествуваат во новото шоу, кое ќе се прикажува на AbemaTV.
На страната за аплицирање, тој напишал: “Откако чувствата на осаменост и празнина полека почнуваат да ме обземаат, размислувам само на едно нешто: да продолжам да сакам една жена до крајот на животот. Сакам да пронајдам доживотен партнер”.
Тој замислува дека со одбраната девојка ќе ја прошири љубовта и светскиот мир и во вселената, а своето “патување” околу месечината планира да го почне во 2023та година и да биде првиот приватен патник со ракетата SpaceX.
Маезава, кој неодамна се раздели со актерката Ајаме Горики (27), додал дека планира да однесе уметници на патувањето кои ќе создадат дела инспирирани од искуството, во проектот кој го нарекол Dear Moon.
Документарецот насловен “Full Moon Lovers” ќе се емитува на AbemaTV и има за цел да ја врати младата публика пред екраните и традиционалните телевизиски програми.
Местата за аплицирање се отворени до 17ти јануари, а Маезава ќе го одбере својот партнер до крајот на март. Би аплицирале и вие?
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.