Тајмор Ел – Хадид e човек кој што го остварил својот сон – куќа направена целосно од рециклиран материјал.
Кога првпат го започнал проектот пред четири години, Хадиди не предвидел како ќе изгледа зградата. Сега, двоспратната исклучителна инсталација во Каиро е сведок на години напорна работа и иновации.
Специјализиран за бизнис администрација, Хадиди немал професионална позадина во инженерството или градежништвото. Тој само сакал да ја спроведе својата еколошка идеја – започнал да бара куќа во 2012 година. Не можејќи да најде соодветен дом, собрал мал тим креативни работници, вклучувајќи градежници, електричари, столари и сликари, кои му помогнале да го оствари неговиот сон на парче земја што го поседува.
Одлична идеја која што е мотивација за цела една земја да почне да размислува и да делува во насока на зачувувување на животната средина.
При објавување материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот