Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

ВОЛШЕБЕН, РАСКОШЕН И НОВ ПАРФЕМ ОБВИЕН ВО МИСТЕРИЈА – ДАЛИ ГО ПОСАКУВАТЕ?

239
Споделувања
1.9k
Прегледи
Сподели на фејсбук

Волшебен мирис. Раскошно шише. Атмосфера на светлина, мистерија и магија

2019: Byzance повторно се роди со нова визија

Новата верзија на мирисот и шишето ја имаат истата сензуалност како нивните претходници од 1987 година и истиот нуди нова и современа интерпретација на легендата.

ВОЛШЕБЕН МИРИС

Byzance е ориентален цветен мирис со заводливи ноти. Горните ноти шират светла хармонија на бергамот и круша чиj сјај е нагласен со сладоста на нероли.

Овој раскошен почеток отвара пат на богат букет од рози, фрезиjа и цвет од хелиотроп. За засилување на интезитетот на мирисот, парфемот содржи основна нота на ванила абсолут опкружена со мирис на светло дрво и весел мошус.

Различен, незаборавен и исклучително долготраен, живописни и женствени ноти кои оставаат трага исполнета со сензуалност. Ова е одраз на жена која е сигурна во себе, храбра и самоуверена и жена која што инспирира со непогрешна привлечност.

РАСКОШНО ШИШЕ

Темно сината боја на шишето му дава мистериозна аура, а неговата тркалезна форма е и како покана која го отвара патот кон свет на магија и задоволство. Неговото златно капаче и златна плочка ја акцентираат бујната сензација што произлегува од шишето.

Буквите кои го сочинуваат името на „Byzance“ се испишани на златна плочка и доаѓаат како ветување од далечен мистичен свет.

Цврсто завиена околу вратот, конопната врвка ја чува магијата на мирисот внатре во шишето.

Кутијата во истата темно сина боја, странично ја има врежано уникатната форма на шишето, испишано со златно мастило и ја претставува новата златна верзија на класичниот Rochas бренд.

ВОЛШЕБЕН СВЕТ

Претставувајќи волшебен свет каде владеат убавината, луксузот и задоволството, Byzance отстапува од модерната бајка. Наместо да биде игра на моќ надвор од нејзината контрола, тој неговата хероина ја воведува во тајните на магичниот свет.

Облечена во светкав Rochas фустан, чии што златни монистри го ловат светлото при секое движење, Byzance жената претставува симбол на сензуалност и дозирана елеганција.

Ја глуми Annabelle Belmondo, внука на познатиот глумец Jean-Paul Belmondo, која бега од забава. Истражувајки ја локацијата, низ ходникот открива соба од класичен париски луксуз, каде што часовник со тркалезна форма како формата на шишето на парфемот, симболично ги отчукува моментите.

Обвиена со светлина, со нејзиниот талисман во рака, можеби таа е новата верзија на Пепелашка. Немирниот израз во нејзините очи и нејзината позната насмевка откриваат дека оваа идеја за неа не е застрашувачка туку возбудлива.

 

Парфемот можете да го најдете во сите парфимерии на Cosmo Tinex.

При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Претходен пост

ФРАНЦУСКИОТ БРЕНД NINA BOX СО НОВА ЛОКАЦИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

Следен пост

Jack Ma од Alibaba вели дека можеш да бидеш успешен, само ако им помагаш на другите

Следен пост

Jack Ma од Alibaba вели дека можеш да бидеш успешен, само ако им помагаш на другите

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.