Младата актерката Jodie Comer ја измени дефиницијата за негативни ликови во сериите. Нејзината улога на Villanelle – платен убиец со мрачен ум и емотивна нестабилност според многумина е причината што оваа серија стана толку популарна.
Од умешноста беспрекорно да ги долови фацијалните експресии, до имитациите на акценти и самата лудост која овој карактер ја содржи – не можете, а да не се заљубите во неа.
Во прилог погледнете ја најавната шпица за новата сезона, додека го очекуваме официјалниот trailer:
Серијата има две сезони и кон крајот на април се очекува новата – трета сезона! Базирана е на книги, но дејствијата се забележливо различни. Многумина сметаат дека ова е редок случај каде серијата е всушност подобра од книгите, а коментарите од фановите се најчесто упатени кон Jodie Comer и алудираат на тоа дека токму таа ја прави серијата одлична и ве навлекува да се заљубите во нејзиниот карактер – со сиот нејзин морбиден хумор и непредвидливи пресврти.
Токму кога ќе си помислиш дека Villanelle има чувства… Таа наоѓа начин да ти го докаже спротивното.
Покрај Jodie, во главната улога е и Sandra Oh – ѕвездата позната по нејзината улога на Christina Yang во Grey’s Anatomy.
Погледнете топ 20 најдобри моменти од втората сезона…
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.