Грета Тунберг, 16 годишната активистка од Шведска и стана позната на јавноста по нејзиниот протест пред шведскиот парламент за недостаток на акција за климатската криза. Таа протестираше 21 ден по ред во август 2018 година и своите акции ги објавуваше на социјалните мрежи.
Грета минатата година беше номинирана за Нобелова награда за мир поради нејзините напори во климатскиот активизам и борбата против глобалното затоплување.
Таа го “обвини светот” дека детството и е украдено. Токму овие говори ја поттикнаа нејзината врсничка Филипа Филипова јавно да и се спротивстави.
16 годишната бугарка Филипа Филипова и се обрати на Грета со порака полна критики, притоа посочувајќи и дека не е во ред да зборува во име на целата нивна генерација, особено кога многу луѓе не се согласуваат со нејзините ставови.
Пораката гласи: “Грета го напушти училиштето за да зборува за климатските промени. Но, има милион деца кои не ни имаат можност да одат во училиште. Велиш дека детството ти било украдено. Дозволи ми да те прашам, кога растеше имаше ли храна за јадење? Бидејќи милиони деца гладуваат до смрт. Имаше вода за пиење? Милиони деца умираат бидејќи немаа чиста вода. Дали си принудена да работиш и сама да се издржуваш за да преживееш? Милиони деца немале можност да одат на училиште бидејќи морале да работат. Ти знаеш како е да одиш во училиште, да имаш функционален тоалет. Затоа, Грета, немаш право да се жалиш за твоето детство. Не можеш да се спротивставиш на еколошката економија. Се надевам дека знаеш дека најголемите достигнувања во човештвото, науката и уметностите се постигнати преку финансиска поддршка на богатите луѓе. Затоа, немаш право да ги обвинуваш богатите луѓе што не помагаат да се најде решение на проблемот. Тоа не е фер. Богатите личности како Опра, која изгради училишта за девојчиња во Африка. Како Мет Дејмон кој помогна за луѓето во Африка да имаат пристап до чиста вода. Организацијата на Бил Гејтс и неговата сопруга, што помогна на толку многу луѓе кои имаа потреба. ”
Во прилог, можете да го погледнете целото видео:
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.