„И да велиш „ДА“ е зависност. Ако си зависен од наведнување глава, твоето однесување е многу лесно за контрола исто како на некој зависник од дрога. На манипулаторот му требаат два лесни чекори – ти го дава тоа што ти треба, па потоа ти креира закана дека ќе ти го одземе. Секој дилер во светот ја игра истата игра“ – Д-р Хариет Б. Брајкер
Сосема е во ред да направите некому услуга или да сакате да му помогнете во одредена ситуација. Во ред е, се додека е во нормални граници.
Моментот кога без приговор извршувате се што ви е кажано како послушен војник е мост кој ве води директно кон лична пропаст.
Проблемот настанува кога се обидувате да им удоволите на сите, притоа ставајќи ги своите лични потреби и планови во позадина. Да, тоа е проблем, можеби и повеќе од тоа. Д-р Хариет Б. Брајкер, социјален и клинички психолог, оваа состојба ја нарекла ”болест да удоволите”.
Ова најчесто произлегува од потребата на одредени луѓе да им се допаѓаат на сите. Сите да ги сакаат. Тие луѓе исто така се жртви на стравот од неодобрување. За нив задоволувањето на туѓите потреби им изгледа како најбезбеден начин да си обезбедат место на ”сакана и ценета” личност, без разлика дали се работи за семејство, пријатели, колеги или љубовен партнер.
Вистината е дека ако се ставите во улога на личен асистент на одредени луѓе, тоа нема да направи тие повеќе да ве ценат или сакаат. Всушност, веројатно ќе биде обратно.
Со тоа покажувате дека вие не се цените самите себе. Не чувствувате почит кон себе и своето приватно време. Вие се претставувате како личност која никогаш нема доволно важни планови, која постојано е достапна. Личност која секогаш останува најдоцна на работа и ги завршува туѓите обврски, додека останатите уживаат излезени во град. Личност која секогаш ќе каже ”да” и никогаш ”не”.
Престанете да го правите тоа. Не секој го заслужува вашето скапоцено време. Не секој цени што вие сте подготвени и во 3 часот после полноќ да се појавите ако тоа е потребно.
Дури и да не ви претставува проблем да ги завршите сите тие нешта и да пролонгирате некој свој план или желба за ”поголема цел”, немојте да го правите тоа секогаш.
Престанете да удоволувате, бидете доволно храбри да ја кренете главата и да кажете гласно ”Јас се сакам себеси.”
Бидејќи на крајот од денот ќе ја загубите силата и самодовербата, а се што ќе добиете за возврат ќе биде осаменост.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.