„Molecule 05, чија основна и единствена состојка е кашмир, е сув, сјајен, пријатен мирис, со неочекуван допир на борова смола“, вели Geza Schoen. „Добив идеја да создадам поинаков летен мирис за Escentric 05. Имав желба да укажам на тоа какво е чувството да бидеш покрај море, но не користејќи ги вообичаените морски ноти, за кои сметам дека се премногу вештачки. Наместо тоа, сакав да создадам искуство за престој на медитерански остров, како оној на кој поминав многу лета”.
“Врвната нота на Escentric 05 е многу едноставна: бергамот е тука за композицијата да биде лесна, а портокалот додава емотивен тон, веселост и среќa, ги евоцира портокаловите градини на медитеранските острови. Покрај тоа, има ловор и рузмарин како типични медитерански растенија со зачинета свежина, смреката носи растителни тонови, а чемпресот сува и остра дрвена нота. Сувиот дел содржи две класични медитерански состојки, cistus labdanum и мастика. Мастиката е смола на медитеранското дрво, има чист остар мирис на свежо исечените гранки. Cistus е растение кое расте низ целиот Медитеран. Има сладок, кожен, балсамички квалитет што го сакам. И, се разбира, има околу 15% кашмир – што на тој мирис му дава борова топлина. Исто така, има смоква, со мирис на лисја и овошје. Смоквата мораше да биде тука, како еден од симболите на Медитеранот, неговиот мирис потсетува на смиреност и безгрижност на лето поминато покрај море “, вели Geza Schoen.