Доколку не го искористивте целиот годишен одмор летово, сега е одлична можност да ги резервирате вашите карти. Откријте нови места на потполно поинаков начин, дознајте како останатите земји ги дочекуваат празниците и кои се нивните обичаи и Божиќни настани. Сето тоа надополнето со топол пијалак и снежна идила.
Австрија и Германија
Најубавите Божиќни настани се токму во Австриј и Германија. Големи елки, светилки насекаде, ресторани, греено вино и добро расположение се доволно добра причина да го поминете зимскиот одмор во Виена, Минхен или Берлин. Доколку сакате да избегнете гужви, помалите градови на овие региони исто така нудат многу убавини за празниците и зимскиот период.
Италија
Можеби Италија звучи како чуден избор за зимските денови, но во овој период тоа е прекрасна дестинација на сосема поинаков начин. Им пружи на туристите повеќе слобода и можност за истражување, за разлика од летниот период кога бројот на посетители е многу поголем. Одберете го било кој град, дозволете и на атмосферата да ве понесе и уживајте. Италија е токму за тоа создадена.
Будимпешта
Божиќната магија ве чека и во Будимпешта, место кое несомнено ќе ве примами да се вратите и наредната година. Прекрасно украсените куќички и паркови по целиот град ќе направат да уживате во празничната атмосфера.
Лондон
Она што е посебно во Лондон во овој период од годината е тоа што музеите речиси се потполно бесплатни, а украсените улици го прават градот уште попосебен. Местото е идеално за шопинг, по кој можете да наздравите со пиво во некој симпатичен паб кој ќе ве згрее со својата автентична атмосфера.
Финска
Најпримамлива дестинација, особено бидејќи е земја на Дедо Мраз и најубавите зимски сцени. Доколку имате можност да ја посетите Финска, не го пропуштајте градчето Рованиеми, каде што живее омилениот дедо со долга бела брада и црвен костум. Освен него, ќе ве поздрави и празничната идила која не може да се доживее на било кое друго место во светот. Музеи, снег и ирваси, топол чај во рака и искуство што ќе го паметите засекогаш.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.