Тешкото минато на Шарлиз Терон не е тајна пред светот и сите знаат за начинот на кој починал нејзиниот татко. Актерката имала само 15 години кога нејзиниот татко алкохоличар упаднал во собата каде се криеле таа и нејзината мајка.
Шарлиз пораснала на фарма во близина на Johannesburg во Јужна Африка со својата мајка Герда и татко Чарлс. Таа го опишува својот татко како “многу болен човек” и вели дека живеењето со алкохоличар правело да се чувствува многу беспомошно.
“Постојаното, непредвидливо живеење со зависник е нешто што се врежува во телото и со кое се носиш до крајот на животот. Тоа е многу повеќе од еден настан кој се случил една ноќ.” – вели таа.
Зборувајќи за она што се случило, таа вели дека татко и бил толку многу пијан што не бил способен ни да оди кога упаднал во куќата со пиштол.
“Со мајка ми бевме во мојата соба, потпрени на вратата, бидејќи тој се обидуваше да ја бутне за да влезе. Тој направи чекор наназад и пукаше во вратата три пати. Ниеден куршум не не погоди, што е навистина чудо. Потоа, во самоодбрана, мајка ми стави крај на заканата.” -вели таа.
Шарлиз вели дека насилството што го искусила во нејзиното семејство е нешто за кое таа зборува и го споделува со луѓето. Не се срами да збори да зборува за тоа, бидејќи верува дека колку повеќе зборуваме за тие нешта, повеќе чувствуваме дека не сме сами во тоа.
“Мислам дека за мене, тоа само отсекогаш за мене беше приказна за растењето со зависник и она што тоа искуство и прави на личноста.”
Добитничката на Оскар исто така проговори и за нејзиното искуство со филмски директор кој несоодветно ја допрел по поканата за аудиција во неговиот дом. Таа вели дека дури се извинила пред да замине и тоа е нешто кое ја направило бесна на себеси.
“Се обвинувам себеси, најмногу поради тоа што не ги реков оние вистинските нешта и не ги направив сите оние работи што сите ние веруваме дека би ги направиле во такви ситуации.”
Темата на сексуално злоставување е всушност и приказната во нејзиниот последен филм Bombshell – во кој има улога на ТВ презентер по име Megyn Kelly.
Таа се пронаоѓа во приказната бидејќи ја открива “сивата зона на сексуалното злоставување”, нешто што лично го искусила.
“Не секогаш се работи за физички напад. Не секогаш за силување.” -вели Шерлиз. “Постои психичка штета за жената во секојдневните ситуации на навреди, допири или закани дека ќе ја изгуби работата. Тоа се ситуации со кои и јас сум се соочила.”
Извор: bbc.com
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.