Има толку многу нешта кои може да ги правите во домашни услови, а времето брзо да помине. Кој вели дека друштвените игри се создадени да ги играте само со пријателите?
Не само што ќе ви биде денот позабавен, туку и ќе остварите поинаква близина со останатите членови од семејството.
Издвоивме 5 друштвени игри кои можете да ги играте дома со вашите родители и деца.
Бриџ
Одлична игра за сите љубители на карти, со малку повеќе трпение. Извадете ги двата шпила карти кои фаќаат прашина во фиоката и почнете. Доколку сте 3 члено семејство најдобро е да играте 3 круга по 3 партии, а ако сте 4 члено семејство – 4 круга по 4 партии итн. Времето брзо ќе ви помина, а забавата е загарантирана.
Јамб
Игра на среќа, но и умствена тактика. Разиграјте го мозокот во монотоното секојдневие и покажете го натпреварувачкиот дух.
Брза географија
Ајде да видиме кој слушал на часовите во училиште! Проверете си го знаењето и натпреварувајте се. Не само што ќе го збогатите знаењето, туку оваа игра е и одлична вежба за брзо размислување под притисок – способност што со сигурност ќе ви се најде во иднина.
Монопол
Динамична игра која е омилена на многумина од нас. Доколку чувате комплет монопол од вашето детство или младост, извадете ја и дајте и шанса. Ветуваме неколку часа исполнети со забава.
Не лути се човече
Едноставна, лесна игра – Се што треба е да фрлите коцка (и да се молите дека ќе ви се падне вистинскиот број) и да го помрднете човечето на полињата. Да видиме кој ќе успее да однесе најмногу човечиња до куќичката. И не заборавајте: БЕЗ ЛУТЕЊЕ!
Ви посакуваме многу забава!
Доколку сте Instagram корисници – Приклучете се на онлајн предизвикот на Chupa Chups MK и споделете ги вашите дневни забавни активности:
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.