Во време на социјална изолација, секој од нас бара начин како полесно и поедноставно да го издржи периодот кој е пред нас. На оваа тема, прашавме дел од нашите познати лица, блогерки и инфлуенсери како се справуваат и што прават во моментов:
„Ова е нова и непозната состојба за секој од нас. Војна со непознат непријател. Состојба во која мора да сме свесни за можните последици и да превземеме одговорност за нас, нашите најблиски и за останатите во нашето опкружување. Јас одам на работа и тоа е уште поголема грижа и одговорност. Се заштитуваме колку што можеме, но сепак постои ризик.
Нашата професија е стресна, но и одговорна особено во вакви моменти кога известуваш за состојбата, но и влијаеш врз луѓето со препораките, но и со начинот на интерпретација делуваш врз нивното расположение. Гледам да бидам и малку повеќе расположена колку што дозволува содржината на најавата за да влеам и малку оптимизам кај гледачите.
Инаку додека сум дома ги превземам сите мерки за заштита и за себе и за своето семејство. Јас сум единствено таа што се движи меѓу луѓе и затоа гледам кога доаѓам од работа веднаш да се дезинфицирам. Инаку кога сум дома времето го поминувам со готвење, читам книга, моментално „Гол човек“ од Игор Џамбазов и си го пополнуваме времето со семејството со заедничко гледање некој филм навечер. Освен со колегите секако не сме во контакт со никој друг.
Се слушаме на телефон со пријателите и роднините и сите чекаме да помине сето ова безболно и да продолжиме со животот нормално.“
– Татјана Стојановска
Фото: Приватна архива
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.