На штандот на ТРИ и Паблишер саемските посетители исполнија многу свои книжевни желби. Многу наслови и неколку промоции ги исполнија нивните срца, а допрва ќе почнат да се шират читачките импресии.
Од 8 до 14 септември посетителите на Саемот ги комплетираа своите читачки списоци, но на нив додаваа и други квалитетни наслови што ги добиваа како препорака од другата страна на штандот на ТРИ. Книжарите даваа сè од себе за да ја предложат совршената книга.
Во меѓувреме, во промотивниот дел, Наташа Сарџоска, Стефан Марковски, Виолета Танчева-Златева, Нона Марковска, Бистра Георгиева и Наталија Лукомска ги претставија своите нови книги, кои веднаш се искачија на списокот на топ 10 најбарани саемски домашни новитети.
Како саемски гости се појавија и познатите автори кои потпишуваа инспиративни посвети за сите читатели, меѓу кои беа Винка Саздова, Игор Џамбазов, Коста Петров, Ана Јовковска, Станислав Петковски, Евгениј Хоуп, Жарко Димески, Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ.
Светските новитети, како „Прво лице еднина“ од Харуки Мураками и „Ахиловата песна“ од Мадлин Милер, веднаш станаа книжевни хитови и меѓу македонската публика. Изборот на книги од ТРИ и Паблишер и оваа година ги задоволи и најпребирливите вкусови и тие уште еднаш докажаа дека знаат што им е потребно на македонските читатели.