Еден ден, познаник на Сократ, залетан кон него и видно возбуден му рекол:
“Сократ, знаеш ли што слушнав за еден од твоите студенти?“
Пред да продолжи, Сократ предложил да му направи еден тест, пред тој да одлучи дали сака да знае што би му кажале. Тестот го нарекол Тест на ТРИ сита.
Откако познаникот се согласил, Сократ му кажал дека првиот дел од тестот е ВИСТИНА.
“Дали си сигурен дека она што ќе ми го кажеш е апсолутна вистина?“
“Не“, одговорил човекот. “Всушност, тоа е само нешто што го слушнав“.
“Во ред е.“ рекол Сократ.
“Значи не знаеш сигурно дали е тоа вистина или не. Да пробаме со второто. Ситото на ДОБРОТО. “Сакаш ли да ми кажеш нешто добро за мојот пријател?“
“Не, баш спротивно…“ одговорил човекот, веќе малку засрамен.
“Значи, она што сакаш да ми го кажеш е нешто што не е убаво, но и не е вистина. Ајде да пробаме со третото, ситото на КОРИСНОСТ. Дали она што ќе ми го кажеш ќе ми користи за некакво добро во иднина?“
“Па не…“ одговорил човекот…