Хрватската дизајнерка Александра Дојчиновиќ, со нејзиниот тим Леи Лу деновиве е обединета во една мисија: правење заштитни маски.
За journal.hr изјави: „Почнавме минатата недела, и бројката на дневно производство е 100 до 200 маски. Тие се за повеќекратна употреба, памучни се и можат да се перат. Идејат е д се донираат на онаму каде има недостаток на истите: пензионери, доктори, медицински сестри и сите оние што ги знаеме дека им се потребни. Покрај маските, ние донираме и ракавици што ни се потребни. Не е ова нешто посебно за ое треба да се крене врева, туку само идеја како да се олеснат овие тешки денови и да се направи нешто убаво “.
Александра на својот профил на Инстаграм ја сподели оваа вест и уште еднаш ја потенцираше важноста кон придржување на препорачаните мерки кои доаѓаат од највисоките државни инстанци, во корист на сите граѓани.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.