Многу истражувања покажале дека емоционалната интелигенција е клучен фактор на успехот.
Постојат неколку знакови кои ќе ви покажат дали вашиот EQ е на високо ниво.
ИМАТЕ ШИРОК СПЕКТАР ОД ЗБОРОВИ ЗА ЕМОЦИИТЕ
ПОКАЖУВАТЕ ИНТЕРЕС ЗА ДРУГИТЕ ЛУЃЕ
ПРИФАЌАТЕ ПРОМЕНИ
Овие луѓе се флексибилни и постојано се прилагодуваат. Тие знаат дека стравот ја паразлизира среќата и дека тоа е голема препрека за успехот.
ГИ ЗНАЕТЕ СВОИТЕ СЛАБОСТИ И ДОБЛЕСТИ
Овие луѓе не само што одлично ги разбираат своите емоции, тие се свесни и за своите маани. Знаат што е тоа што ги мотивира и она што им пречи. Да се биде емоционално интелигентен значи да се биде свесен за себе.
ОДЛИЧНО ПРОЦЕНУВАТЕ ЛУЃЕ
Имате способност да ги “читате“ луѓето и да почувствувате низ што минуваат. Секогаш точно знаете што е тоа што ги измачува а што ги радува.
НЕ СЕ НАВРЕДУВАТЕ ЛЕСНО
Ако сте сигурни во она што го правите, тешко дека некој ќе може да ве навреди. Имате отворен ум и се прифаќате како совет или добронамерен коментар.
ЗНАЕТЕ ДА КАЖЕТЕ НЕ
Овие луѓе имаат одлична самоконтрола. Одбегнуваат импулсивни реакции и ако кажат НЕ тоа значи дека навистина нешто не можат или не сакаат и овде нема простор за недоразбирање.
НЕ ДРЖИТЕ БЕС ВО СЕБЕ
Негативните емоции кои доаѓаат од чувањето работи со себе предизвикуваат стрес. Затоа, овие луѓе секогаш кажуваат што ги мачи и не задржуваат ништо во себе.
ГИ НЕУТРАЛИЗИРАТЕ ТОКСИЧНИТЕ ЛУЃЕ
Да се носат со тешки и напорни луѓе е тешко и исцрпува. Луѓето со висока емоционална инетелигенција знаат точно како да се однесуваат со овие луѓе и притоа да не прифата ништо од нивното однесување како свое.
ГО ЦЕНИТЕ ОНА ШТО ГО ИМАТЕ
Кога ќе помислите на се она што имате, се подобрува вашето расположение и се смалува стресниот хормон кортизол за 23 проценти.
Дали се пронајдовте?
Извор: portaloko.hr