Ако прашате некој кој живеел во “златното време на стара Југославија“, ќе ви каже дека гледал Бранко Коцкица, Снупи, Попај Морнарот, Тобоган, Пролетарац, Пчеличката Маја… Слушал ЕКВ, Прљаво Казалиште, Бајага, Дисциплину кичме, Тина Тарнер, Deep Purple…
Можел да јаде храна која е здрава, безбедна, чиста, без глутен и адитиви. Јадел хот дог од црвениот киоск, сладолед на точење од апарати, пиел пиво на клупа во градскиот парк… Можел да вози томос мотор, пони, фиќо или стоеден. Можел да чита илјада стрипови додека го јадел познатиот чачански чипс.
Одел на шопинг во Трст по фармерки, гледал тв на црно бел телевизор, чекал еден месец да се развие филмот од одморот на Макарска Ревиера, шетал секаде со својот југословенски пасош…
НАКРАТКО, ЖИВОТОТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА ВО ЕДНО ВИДЕО: