Новата влада на Финска ги објави плановите да им даде на сите родители еднакво породилно отсуство, во обид да ги натераат татковците да поминуваат повеќе време со своите деца.
Платениот додаток ќе се зголеми на комбинирани 14 месеци, што ќе трае 164 дена по родител, пишива BBC.
Само за споредба, соседната земја Шведска има најголем број на денови кои се даваат за родителско отсуство во Европа – 240 дена по секое раѓање на бебето.
Финска вели дека сака да „промовира благосостојба и родова еднаквост“.
Министерката за здравство и социјала Аино-Каиса Пеконен пред новинарите изјави дека започнала „радикална реформа на семејните придобивки“, со цел да се зајакне врската на родителите со децата уште од самиот почеток.
Според сегашниот систем во Финска, породилното отсуство е 4,2 месеци, за жените, на татковците им се дава 2,2 месеци додека детето не наполни две години. Згора на тоа, може да бидат доделени уште шест месеци родителско отсуство.
Сепак, во просек само еден од четворица татковци го користи она што му следува.
Со промените, секој родител би добил отсуство од 6,6 месеци (164 дена во рамките на системот за бенефиции од шест дена во Финска), а бремените жени ќе добијат дополнителен месечен додаток.
На родителите ќе им биде дозволено да пренесат 69 дена од нивната квота. Самохрани родители ќе им биде дозволено да ги користат двата додатоци.
Финската премиерка Сана Марин минатиот месец изјави дека нејзината земја сè уште има многу работа за да постигне родова еднаквост и се пожали дека многу татковци поминувале малку време со своите деца кога биле мали.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.