Во време на социјална изолација, секој од нас бара начин како полесно и поедноставно да го издржи периодот кој е пред нас. На оваа тема, прашавме дел од нашите познати лица, блогерки и инфлуенсери како се справуваат и што прават во моментов:
„Како на сите други и така и мене, периодов ми паѓа тешко, прво заради здравствената состојба во која се наоѓа нашата земја и второ заради ограниченост во движењето.
Но, сè за поголемо добро, така што апсолутно ја поддржувам мерката да се остане дома и да се заштитиме сите.
Во овој период јас прославив и роденден со моето најблиско семејство, синот и сопругот, имавме торта, свеќи и навистина беше убаво.
Се посветувам на семејството уште повеќе од претходно и се надевам што побрзо да помине целата ситуација во добро здравје за сите.“
– Калтрина Круезиу
Фото: Приватна архива
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.