И по 30 годишна кариера таа изгледа идеално…
На познатата поп ѕвезда сите жени ширум светот и се восхитуваат. Изгледа прекрасно за своите 57 години и е во одлична форма.
Главната тајна како што и таа самата вели е правилниот начин на исхрана и фризичката активност.
Нејзината диета е основана врз база на вегетаријанска и макробиотичка храна. Ваквиот начин на исхрана обезбедува одлично здравје, младост и договечност.
Мадона сподели неколку совети во однос на исхраната:
– јадете само кога ќе почувствувате глад;
– секогаш бидете добро расположение додека подготвувате храна;
– заборавате на пластичните пакување со храна како и подготвување на храна во микробрановата печка;
– користете исклучиво локални производи, сезнско овошје и зеленчук;
Следејќи ја исхраната на Мадона може да го надополните менито и со намирници по ваша желба. Потребно е храната да ја менувате и да биде вкусна. Потребно е да ви пружа задоволство и да го засити телото со потребните хранливи материи.
Таа ја сподели нејзината диета со јавноста па погледнете што се е вклучено во неа:
– бела риба, морски плодови и алги;
– житарици (овес, јачмен, просо, хелда, гриз);
– тестенини од тврда врста на пченица;
– зеленчук (тиквици, брокули, морков, роквици, целер и зелена салата)- се освен компир и домати;
– овошје ( јаболко, круши, сливи и цитрусни плодови);
– сушено овошје ( кајсии, суво грозје, суви сливи);
– природна соја и производи од соја ( сосови, тофу);
– печурки;
– сончоглед, сусам;
– ореви (лешник, кикирики, бадеми);
– морска сол (10гр на ден)
Таа препорачува да имате во предвид дека оптималната дневна исхрана треба да содржи:
– 50% житарици;
– 25% зеленчук;
– 10% протеини (соја, риба);
– 5% морски плодови, овошје и ореви;
Во нејзината диета препорачува избегнување на:
– месо и млечни производи;
– јајца;
– полу- брза храна;
– печење на храната;
– слатки;
– кафе и производи кои содржат кофеин;
– зачини;
– масла за готвење;
– алкохол ( суво вино е дозволено);
Може да се обидете со овој начин на исхрана и да видите како ќе се движат вашите резултати. Време траењето на диетата е 14 дена и во текот на диетата предвидено е губење на 5-7 кг. Во принцип диетата не се смета за ригорозна, па може да ја продолжите подлг временски период доколку забележите дека вашето тело се менува и има доволно енергија.
Покрај тоа ваквиот начин на исхрана ќе ви го подобри здравје и промени навиките.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.