Etro ја прославува празничната сезона со уникатен избор од магични мириси кои го олицетворуваат занаетчиското мајсторство и докажаната експертиза на куќата во сферата на парфемите.
Креирани со природни состојки и софистицирани акорди, секоја композиција ја опфаќа еволуирачката мешавина на традицијата и модерноста на Etro.
MUSK Eau de Toilette
Безвременска класична тоалетна вода, многу шик и концептуална, хармонична и сензуална, која ги евоцира светлината и сенките во магична шума низ слатки ноти од мошус и топли дрвенести акценти со свеж, овошен пресврт.
Уникатен подарок за оние кои ги сакате.
VIA VERRI Eau de Toilette
Блескавата вибрација на моден кварт во Милано инспирира стилски мирис кој полека се открива во сензуални крешендо раскошни ливчиња, светли нијанси и зачинети вкусови.
Вистински емотивен подарок за најодбирливите познавачи.
UDAIPUR Eau the Parfum
Далечните земји и култури се среќаваат во радосна мешавина од благородни цвеќиња, шумливи ноти и слатко дрво од мошус и кашмир, поврзувајќи го Истокот со Западот, магијата на Индија и медитеранските светла.
Совршен подарок за да ги прославите вашите најблиски.
MAN ROSE Eau de Parfum
Мистичната убавина на розата проникнува свеж и воздушен мирис збогатен со лесни допири на темјан и кадифени ноти на здравец, балансирајќи ја машката сила и женската елеганција.
Незаборавен подарок за празничната сезона а и потоа.
VICOLO FIORI
Во чест на првиот бутик на Етро во Милано, кој се наоѓа во креативниот кварт Брера, Vicolo Fiori се одликува со деликатна овошна цветна основа која асоцира на градина со источни и западни мириси.
Префинет подарок кој ја прави празничната сезона весела и модерна.
PATCHOULY Eau de Parfum
Мек и балзамичен, Etro Patchouli Eau de Parfum му дава на класичниот ориентален дрвенест мирис складна мешавина на цветни, овошни и земјени тонови и дава долготрајна и луксузна аура.
Безвременски подарок од светот на Etro.
PATCHOULY Eau de Toilette
Сладок и емотивен егзотичен дестилат, скроен од преубаво цвеќе евоцирајќи вибрирачки звук на ситар и скапоцените слики на Индија.
Извонреден подарок за најубавиот дел од годината.
RAJASTHAN Eau de Parfum
Женствен и специфичен мирис, радосен и блескав како вечната енергија на пустината и боите на махарајанските тврдини.
Посебен празничен подарок за вас и сите на вашата листа.
SHANTUNG Eau de Parfum
Тактичен шарм на древна племенита свила одекнува низ блескав и префинет сок, флуиден и недопирлив, машки и женски, изнтензивен но и нежен.
Редок празничен подарок кој сите ќе го сакаат.
WHITE MAGNOLIA Eau de Parfum
Белата магнолија е примамлива химна за убавината и чудото на природата, каде мирисот на белото цвеќе се спојува со кремастите тонови на мошус и топлите дрвенести ноти како би ја прославиле треперливата пролетна радост.
Совршен подарок за блескавата празнична сезона.