Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Свечен настан на АБИТ: Важноста на двојното образование во банкарскиот и финансискиот сектор

56
Прегледи
Сподели на фејсбук

Во организација на Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ) и Институтот за бизнис и менаџмент, Heidelberg-Skopje, денеска се одржа свечен настан во просториите на Македонска Берза АД Скопје. Целта на настанот беше да се истакне важноста од двојното образование кое што го нуди академијата и институтот, а придонесува за поголем развој на банкарскиот и финансискиот сектор.

На настанот со поздравен говор се обрати Извршниот директор на АБИТ, а потоа на присутните се обратија и Ото Граф, заменик амбасадор и раководител на економскиот оддел на Германија, Елизабета Наумовска – Заменик министер за образование и наука и г-ѓа Лујза Томовска- самостоен советник во Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија. Гости на настанот беа и г-дин Билал Суџубаши, претседател на Управниот одбор и генерален извршен директор на ХАЛК Банка АД Скопје, проф. д-р Љубе Трпевски, г-дин Беркан Имери финанов директор на ХАЛК Банка АД Скопје, г-дин Бесим Билали од Развојна банка на Северна Македонија, Весна Срцева и Мухедин Авдиќ од Управата за јавни приходи, Марина Наумовска од Германска Амбасада во Република Северна Македонија и други.

Говорниците ја истакнаа важноста на едукацијата и дообразованието во банкарскиот и финансискиот сектор. Тие сметаат дека двојното образование кое што се нуди во АБИТ е одлична шанса во нашта земја да се внесе германската едукација и да се примени во македонска пракса од професионалци кои ќе ги завршат курсевите и семинарите во АБИТ. Говорниците истакнаа дека се потребни помлади и похрабри кадри во бакарскиот сектор во земјата.


АБИТ е единствената образовна организација во земјата која што е придружна членка во највисокото тело за специјалистичко и стручно банкарско образование во ЕУ, Европската тренинг асоцијација EBTN, која што е во состав на Европската банкарска федерација.

Претходен пост

ВИДЕО: ИНТЕРВЈУ СО АТИЏЕ МУРАТОВА НА ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ

Следен пост

ОДЛИЧЕН ИЗУМ ЗА ОНИЕ КОИ САКААТ ДА СЕДАТ СО ПРЕКРСТЕНИ НОЗЕ

Следен пост

ОДЛИЧЕН ИЗУМ ЗА ОНИЕ КОИ САКААТ ДА СЕДАТ СО ПРЕКРСТЕНИ НОЗЕ

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.