Научниците, иноваторите и компаниите постојано работат на тоа да ни го олеснат секојдневнието колку е можно повеќе. Често наидуваме на производи што не сме ни помислиле дека ни требаат или не сме знаеле дека постојат.
Овој најнов изум, уникатно парче мебел “Soul Seat” е еден од тие производи. Американската компанија Health by Design го направи седењето со прекрстени нозе уште поудобно.
Веројатно познавате луѓе кои не можат да седат долго време на стол без да ги прекрстат нозете или без да ја кренат бар едната нога на столот. Сепак, таквиот начин на седење колку и да е удобен, по некое време може да пројави низа непријатности како “трнење” и укочување на мускулите и колената.
Овие нови столови се дизајнирани на тој начин што ви овозможуваат практично и безбедно прекрстување и потпирање на нозете, без да мора да ги искусите сите непријатности. Столовите имаат можност да се адаптираат за различна висина во зависност од работното биро или ситуација.
Сепак, намената на овој производ не е да ви ја зголеми удобноста во работното време. Можете да ги користите столчињата и дома, додека гледате телевизија или читате книга.
Звучи примамливо, зар не?
Извор: healthyfoodhouse.com
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.