Една студија на Универзитетот Кингстон во Лондон покажала дека луѓето кои сакаат да читаат книги се однесуваат на социјално прифатлив начин многу повеќе од оние кои претпочитаат да гледаат телевизија.
Најемпатични се покажале поединците кои најмногу уживаат додека читаат драми и романтични теми, додека оние кои сакаат фикција имаат најпозитивно друштвено однесување.
Оние кои обожаваат комедии имаат најдобри резултати во односот со другите луѓе, а оние кои сакаат експериментални книги се одлични за согледување на работите од различни перспективи.
“Размисли пред да кажеш. Прочитај пред да размислиш “
Неколку карактеристики на луѓето кои сакаат да читаат книги:
Знаат да го потрошат времето квалитетно
Своето слободно време го посветуваат на книгите. Тие луѓе со часови живеат во светот на ликовите од книгите, затоа нив никогаш не им е досадно.
Се обидуваат подобро да ги разберат сите околу себе
Истражувањата покажале дека луѓето кои читаат редовно, особено фантастика се обидуваат да ги сфатат ликовите и нивното однесување. Тоа несвесно го практикуваат и во животот.
Имаат одлични аналитички способности
Ова е особено значајно за секојдневното функционирање во животот. Луѓето кои читаат подобро ја согледуваат ситуацијата и многу побрзо наоѓаат решенија за проблемите.
Од нив може многу да научите
Овие луѓе се преполни со информации, знаат точно што сакаат и со нив секогаш имате тема за разговор.
Љубопитни се
Гладни за животот, приказните, искуствата…Со нив е многу забавно бидејќи тие секогаш сакаат нешто ново и забавно.
Внимателно слушаат
Ако можат да поминат часови над книгата, тогаш со сигурност имаат трпение да слушаат внимателно додека разговарате со нив.
Многу е лесно да им купите подарок
Со овие луѓе нема погрешен подарок. За секој повод е одлично да им се подари книга а тие ќе бидат пресреќни поради вниманието.
Одлично помнат детали
Знаат што сакате, што не, како реагирате, од што се плашите, на што се радувате…Овие луѓе никогаш не забораваат што е тоа што ви е важно.