Елена Вишка е едно од четирите заштитни лица на емисијата „Утринска на Телма“. И бидејќи е водител на утринска емисија, таа секогаш мора да биде одморена, наспана и да изгледа совршено пред камерите.
Токму затоа заедно појдовме до парфимеријата Anabella во Скопје Сити Мол, каде што Елена ја одбра шминката што најмногу ѝ одговара.
„Негата на лицето е многу важна. Користам и дневни и ноќни креми. Всушност, користам неколку креми за лице, често тоа е Clinique, но до сега не сум ја пробала ReNutriv на Estee Lauder. Ми се допаѓа нејзината структура, ќе мора да почнам да ја користам, да видам како ќе ѝ одговара на мојата кожа,“ рече Елена.
Иако работата од неа бара да носи „потешка“ шминка, кога е пудрата во прашање, нејзиниот избор се сведе на две – Bourjois Healthy Mix и Max Factor Lasting Performance, кои имаат полесна структура.
„Не сакам да користам премногу шминка кога не сум на работа. Сакам кожата на лицето да ми се одмори, да дише. Токму затоа и шминката во текот на денот ми е поумерена.“
Обожава маскари бидејќи ги нагласуваат очите, а во моментов во нејзиниот несесер со шминки се наоѓа Ultra Black Volume Glamour од Bourjois.
„Секогаш ставам маскара и на долните трепки. Тоа им дава поубав изглед на очите, ги вообличува, создава целина со сенката и со моливчето за очи“.
Кога се кармините во прашање, најчесто ја избира црвената боја, која одлично се вклопува на нејзиниот тен и темперамент. Додека се шетавме низ парфимеријата на Anabella реши да го проба Bourjois Color Boost.
„Не сум ја пробала оваа нијанса. Мислам дека ќе ми одговара“.
Сепак, немаше никаква дилема во однос на парфемите и веднаш го пронајде омилениот – Black XS од Paco Rabanne.
„Го користам со години. Не ми здосадува“.
Посетата на Anabella ја завршивме со неколку подароци кои сигурно ѝ се допаднаа. А кој не сака подароци, особено кога е во прашање убава, квалитетна козметика?
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот