Во овој период, кога времето најмногу го поминуваме дома, важно е да го задржиме доброто расположение и да спречиме да се појават негативни мисли и депресија.
Ако се борите со промени на расположението, темната чоколада е добар избор за ужина бидејќи содржи проактивна состојка која создава чувство слично на она кое го дава користењето на канабис. Тоа е фенилетиламин, неуромодулатор кој помага при регулација на расположението.
При едно испитување кое било направено во Универзитет во Лондон на 13.626 лица, се утврдило дека оние кои пробале само 15 грама темна чоколада, имале 70% помала веројатност да пројават симптоми на депресија. Комбинацијата на флавоноиди во темното чоколадо, помага во борбата против депресијата, вели докторката Сара Џексон, која е авторка на студијата.
Во умерени количини, чоколадото е добредојдено за вашето здравје и добро расположени.
Извор: Wall.hr