Добредојдовте во новата ера на наоѓање партнер. Проектот „Love is Quarantine“ има за цел да го претвори социјалното дистанцирање во игра за запознавање преземајќи идеја од “Love Is Blind” на Нетфликс.
Инспириран од феномот на Нетфликс“Love Is Blind”, овој нов експеримент за онлајн состаноци започна во вторникот на Инстаграм и има за цел да направи парови од сингл луѓето кои во моментот практикуваат социјално дистанцирање и карантин заради појава на коронавирус COVID-19.
Kако функционира? Едноставно е. Од лицата кои сакаат да учествуваат, се бара да ги додадат своите информации во Google Doc, кој поставува прашања како име, возраст, локација и преференци за состанок. Учесниците потоа се комбинираат со потенцијални партнери во виртуелна група од страна на организаторите. Од нив се бара да направат видео каде што ќе зборуваат пред, за време и по состанокот со детали за тоа како оделе работите.
Одличен проект каде што бројот на учесници се зголемува се повеќе секој ден.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.