На интернет масовно почнаа да кружат овие фотографии, за кои не се знае кој е заслужен или во кој дел од светот се фотографирани.
Сепак, тие испраќаат многу моќна порака и не потсетуваат дека не треба да ги забораваме оние кои секогаш се радосни кога ќе не здогледаат – а тоа се токму животните бездомници кои се желни за љубов и внимание.
Во овој тежок период каде што повеќето од нас се изолирани во своите домови и движењето надвор ни е ограничено на минимум, животни бездомници тагуваат и гладуваат, бидејќи се навикнати на раздвиженост во околината и на љубезните личности кои често им оставаат храна и вода.
Да не ги заборавиме нашите крзнени соседи и овие фотографии нека ни бидат силен поттик да го сториме истото, секој колку може, непосредно пред својот дом.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.