1. Страстите за материјалното додека се мали, лесно може да ги совладаме. Ако ги занемариме, стануваат многу посилни. Што повеќе растат, толку поголем напор бараат да бидат совладани.
2. Оние кои имаат, треба да споделат со оние кои немаат, според нивните потреби. Оној кој ги возвишува своите материјални страсти само паѓа во бездна.
3. Да го заборавиме она што е зад нас, да го гледаме она што е пред нас.
4. Гордиот е постојано духовно и телесно вознемирен. Со својот егоизам, само површно гледа на нештата.
5. Искушенијата сами ги создаваме кога сакаме да се издигнеме над другите.
6. Кој оди ниско, оди сигурно и никогаш не паѓа.
7. Оној кој не се советува, ги меша патиштата, се заморува и греши. За него целта е тешко да се достигне.
8. Гордиот се срами да го признае својот пад, да ја признае вистината, затоа се фаќа во мрежа во лаги.
9. Лесно е да се биде чесен, ако имаш имот, здрави деца и се што ќе посакаш. Ако на човек му одземеш се, ретко останува чесен.
10. Како што сакате да постапуваат луѓето со вас, така постапувајте и вие со нив.
11. Храна за огнот се дрвата, а храна за раздразливост е високото мислење за себе.
Tрпеливоста ги изгонува раздразнетоста, гневот и презирот.
12. Корисното за нас ќе го најдеме кога ќе го откриеме корисното за блажениот.
13. Не е богат оној кој има само за себе, богат е оној кој дели.
14. Не е сиромав оној кој нема ништо, сиромав е оној кој посакува премногу. Не е богат оној кој има многу, туку оној кому не му треба ништо.
15. Тој што ја чувствува тежината на своите грешки, тој не обрнува внимание на грешките на ближните.
16. Коренот на сите гревови е самољубието.
17. Кога се случува нешто лошо запрашајте се: Дали ова ќе биде важно за 5 години?
18. Подгответе се најдобро што можете. Оставете ги работите да одат по својот тек.
19. Времето лечи скоро се: Дајте му време на времето.
20. Како и да се чувствувате – Станете, подгответе се и направете се што е потребно да направите.
21. Животот не е завиткан во украсна хартија, но ни е даден на подарок, затоа мораш да се радуваш на него секој ден.
22. Плачете се и радувајте се со некого, тоа помага повеќе отколку сами.
З. Поповска