Пабло Пикасо, формално Пабло Луис Пикасо (25 октомври 1881 Малага, Шпанија – 8 април 1973Мужен, Франција) бил шпанско-француски сликар, кој се смета за еден од најголемите мајстори на уметноста во 20 век. Заедно со Жорж Брак, тој е најпознат како основач на кубизмот.
Пикасо многу се соживеа со скопската трагедија од земјотресот во 1963 година и за солидарната акција за собирање уметнички дела, тој меѓу првите се огласи, испраќајќи ја својата позната слика „Глава на жена”.
Неколку познати мисли кажани од овој голем уметник и пред се човек во вистинска смисла на зборот:
- “Добрите уметници копираат, одличните крадат”.
- “Главниот непријател на креативноста е “доброто” чувство”.
- “Ми беа потребни четири години да научам да цртам како Рафаел, а цел живот за да цртам како дете”.
- “Треба да имате идеја за она што сакате да го направите, но тоа треба да биде нејасна идеја”.
- “Се што може да замислите е реално”.
- “Потребно е многу долго време за да се постане млад”.
- “Сите деца се уметници. Проблемот е да се остане уметник додека се расте”.
- “Целта на уметноста е да ја избрише прашината на секојдневниот живот од нашите души”.
- “Дајте ми музеј и ќе го пополнам”.
- “Компјутерите се бескорисни, тие можат да ви дадат само одговори”.
- Мајка ми ми рече: “Ако си војник, ќе станеш генерал. Ако си монах, ќе станеш папа”. Наместо тоа, јас бев сликар, и станав Пикасо.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот